Темелковски: Винил хлоридот е во процес на чистење од Охис

од Aleksandar Todeski
476 прегледи

Како општина ги немаме потребната механизацијата и инструменти за да провериме што се случило во Охис. Меѓу првите отидов на терен, не уверија дека не е опасно тоа што се излеало. Неколку часа поминав таму и немав никакви симптоми. Мене ме интересираше, јас сум жител на општината и треба да знам, рече градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ.

„Петокот сабајлето, кога пријавуваа граѓаните дознавме дека нешто се излеало од Охис. Од претходно знаевме колку токсични материи има во Охис. Ние бевме еден од иницијаторите за расчистување на опасните материјали од Охис. Ние заедно со Владата и министерствата баравме да се почне со чистењето, таму се чисти веќе неколку месеци“, рече Темелковски.

Според градоначалникот на општина Кисела Вода, тие немаат средства ниту начин како да ги дислоцираат токсичните материјали, но иницирале централната власт да почне со чистење на Охис.

„Веќе има процес на чистење. Хлорот, еден од најопасните материи е исчистен од таму. Винил хлоридот е во процес на чистење од Охис. Веќе се знае кои мерки треба да се преземат за да се дислоцира. Си има методологија како се чисти и што се презема ако се случи несакано дејство“, рече Темелковски.

 

Слични содржини