135
Во Дубровник вчера во 15 часот биле измерени 37,3 степени Целзиусови, со што е соборен температурниот рекорд.
Локалните медиуми јавија дека градот е зафатен со таканаречената фенска бура. Температурата е висока и во вечерните часови, па така синоќа во 20 часот, во Дубровник биле измерени 30 степени.
Инаку, највисоката јунска температура досега во Дубровник е измерена пред 16 години.