Тен Хаг ја зема капитенската лента на Мегваер

од Vladimir Zorba

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед ќе се сретне со Хари Мегваер на почетокот на јули, кога ќе се врати за да ги започне подготовките за новата сезона, пишува печатот во Англија. Тогаш се очекува Холанѓанецот приватно да го извести дефанзивецот дека му ја одзема капитенската лента и одлуката ќе ја подложи на избор на самите играчи. Се верува дека фаворит за нов капитен на тимот е Давид де Хеа.

Хари Мегваер е капитен на Манчестер Јунајтед од јануари 2020 година, откако му се приклучи на тимот само неколку месеци порано кога на Лестер му плати 80 милиони фунти, што го прави најскапиот дефанзивец во светот. Минатата сезона, сепак, беше многу слаба за него и претрпе голем број критики. Тен Хаг застана накратко во негова одбрана, откако новиот менаџер на тимот увери дека работите ќе бидат поинакви.

„Повторувам дека следната кампања ќе биде поинаква. Мислам дека тој е одличен фудбалер и врши одлична работа. Тој веќе постигна многу и даде многу на Манчестер Јунајтед, па едвај чекам да соработуваме“, изјави Тен Хаг.

Слични содржини