Тендерот за гласањето на дијаспората е поголем од печатењето на ливчињата за сите гласачи, покажува истражувањето на ЦГК

од Nikola Popovski
1,3K прегледи

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Изборите и јавни набавки. Според ЦГК, истражувањето покажало дека Државната изборна комисија (ДИК), за спроведување на последните претседателски и парламентарни избори, склучила 22 договори за јавни набавки во вкупна вредност од 213.625.656 денари, односно 3.473.588 милиони евра, заклучно со 20 мај 2024 година.

-Тендерите на ДИК за заедничките претседателски и парламентарни избори годинава чинеле 767 илјади евра повеќе отколку збирот на тендерите за овие избори кога се спровеле поединечно во 2019 и 2020 година.

Гласањето на дијаспората чинело повеќе отколку печатењето на ливчињата за сите гласачи. Дури 41 % од договорите за јавни набавки поврзани со изборите, ДИК ги склучила во постапка со директно преговарање, без оглас, потенцираат од ЦГК.

Во групата фирми кои традиционално ги добиваат тендерите на ДИК се издвојуваат три фирми, се додава во истражувањето.

-Во годините кога има парламентарни избори, вредноста на јавните набавки во земјата достигнува рекордно ниво. За годинашните избори – се антиципирало во ланските набавки, нагласуваат од ЦГК.

Слични содржини