Тенкови на аеродромот во Москва, наскоро ќе бидат распоредени на сите руски аеродроми

од desk2
120 прегледи

Секој аеродром има автобуси за превоз на патниците и „нормални“ чистачи на снег – Русите отидоа чекор „понапред“ и купија тенк.

Аеродромот Домодедово во Москва купи оклопно возило “BREM-1” и го прилагоди за своите потреби. Првобитната намена на оваа воена машина е извлекување на оштетените тенкови од бојното поле, а сега има сосема нова намена.

“BREM-1” на аеродромот Домодедово се користи за влечење на авиони во случај на потреба од тоа, а ќе се користи и за чистење на снегот од пистите.

Советската војска го користеше ова оклопно возило во 70-тите и 80-тите години од минатиот век за влечење на тенкот Т-72. Всушност, “BREM-1” се темели на шасијата на Т-72, тежи 41 тон, има гасеници и со својот V 46 дизелски мотор кој произведува 780 коњски сили може да влече импресивни 125 тони, што е еквивалент на три тенкови од типот Т-72.

Руската армија и ден денес го користи “BREM-1” кој што исто така има разни додатоци за чистење на разни препреки, а има и дигалка која може да подигне до 12 тони.

Од управата на аеродромот Домодедово во Москва процениле дека ова возило е одлично за решавање на проблемите на авионите кога има многу снег, затоа што може лесно да ги влече авионите доколку излизгаат од пистата.

https://www.youtube.com/watch?v=Zt0bUdmN6FI

Од аеродромот го префарбале возилото во портокалова и црна боја, а “BREM-1” бил купен од долгогодишниот произведувач на тенкови „Уралвагонзавод“ од каде што открија дека наскоро овие возила ќе се најдат на многу аеродроми ширум Русија.