Тензиите растат: Грција ја предупреди Турција за негативни последици и порази!

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Продолжува спорот меѓу двете земји

1475433853-greekflag

Обидите на некои сили во Турција за ревизија на меѓународното право ќе доведат до негативни последици, соопшти Министерството за надворешни работи на Грција во врска со изјавите од турското Министерство за надворешни работи за нерешените прашања за поморските граници помеѓу двете земји, пренесе РИА Новости .МНР на Турција објави соопштение дека меѓу Турција и Грција има голем број прашања за Егејот – не е одредена поморската граница во рамките на меѓународниот договор во делот за припадност на некои острови и карпи. Грција  го смета тоа за обид за ставање под знак прашалник на границата меѓу двете земји.

“Очигледно владејачката партија во Турција се секира  за странски територии. Некои од  соседите сакаат да  ја поведат Турција против меѓународното право, кое не е својствено на европска држава. Ревизионистички логика секогаш доведува до негативни последици и порази “, соопшти МНР на Грција