Тепачка меѓу малолетници во Тетово

од Nikola Popovski

На 07.05.2023 во Секторот за внатрешни работи Тетово, во присуство на родители, претставници од Центарот за социјални работи и адвокат за малолетници, бил извршен службен разговор со пет малолетници од Тетово.

Тие се сомничат дека на 05.05.2023 околу 22.50 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово физички нападнале четири малолетници од Тетово.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини