Тепачка меѓу двајца пратеници по емисија пред новинарите каде гостувале

од Vladimir Zorba
108 прегледи

 

Украинските пратеници Александар Вилкул и Владимир Парасјук се истепале пред новинари по снимањето на телевизиската емисија „Вечерна програма“, во која тие не можеле да се согласат околу актуелната ситуација во земјата.tuca-620x350

Веднаш по емисијата Парасјук го сочекал својот политички противник надвор од студиото и почнале да разменуваат тупаници, по што интервенирало и обезбедувањето на телевизијата.

Подоцна Парасјук се заканил и дека ќе го уништи автомобил на Вилкул.

Тој го обвини својот противник дека е „шпион на Кремљ, кој ја донел војната во неговата земја“,

– Вилкул треба да биде ликвидиран, депортиран и од него да не остане ниту трага, се заканил Парасјук.

 

погледнете го видеото

( Tanjug)