288
Тепачка меѓу повеќе лица се случила на Градскиот базен во Штип, информираа од Министерството за внатрешни работи.
-На 17.07.2023 во 16.10 часот во Полициската станица Штип, Е.Н.(25) од с.Бучим, радовишко, пријавила дека околу 15.30 часот на градскиот базен во Штип била физички нападната од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, потенцираат од МВР.
Од снимката што беше објавена на социјалните мрежи која ја згрози јавноста, се гледа како на една страна се тепаат три жени, а на другата страна двајца мажи.
Децата и останатите присутни на базенот збунето ја гледаат тепачката.