Неколку членови на косовското собрание се судрија денес, при крајот на седницата на која се разговараше за исчезнатите лица.
Прво настанал вербален конфликт, за да прерасне во физички.
Ситуацијата се напна непосредно пред крајот на сесијата, додека членот на Советот за самоопределување, Сара Богујевци, која беше иницијатор на седницата, се обрати на говорницата, пренесува „Косово онлајн“.
Инцидентот се случил кога пратениците на Самоопределување и Демократската лига на Косово прво вербално, а потоа и физички се судриле, поради што собраниската седница била прекината, пренесува порталот „Зери“.
Заменик претседателот на собранието Арбери Нагавци неколку пати ги предупредуваше пратениците да седнат за да продолжи седницата, сепак тие го продолжија вербалниот конфликт, кој прерасна во физички.
После тоа, пратениците заминаа на пауза.