Терапевт споделува три знаци кои откриваат разгалено возрасно дете

од Vladimir Zorba
40 прегледи

Родителството не престанува кога децата ќе наполнат 18 години. Емоционалните и финансиските потреби честопати стануваат уште понапорни во зрелата возраст. Ако возрасното дете постојано очекува помош, но ретко покажува благодарност, можеби е време да ја препознае непријатната вистина – можеби покажува знаци дека е разгалено, тврди психологот и терапевт Џефри Бернштајн.

Тој истакна уште неколку знаци кои укажуваат дека возрасно дете е разгалено:

1. Очекуваат помош, но не ја ценат

Кога возрасно дете ја гледа родителската помош како право, наместо како подарок, тоа може да укаже на чувство на право. „Доколку нема благодарност и ако често предизвикува чувство на вина кога помошта е одбиена, родителот може да падне во улога на „банкомат“. Во такви ситуации, важно е јасно да се разјасни дека благодарноста е предуслов за поддршка“, објаснува Бернштајн за Psychology Today.

2. Очекуваат да ги решите нивните проблеми

Некои возрасни деца не преземаат одговорност за последиците од нивните сопствени одлуки, туку наместо тоа, очекуваат нивните родители да го понесат товарот. Психологот истакнува: „Тие одбиваат да работат, не учествуваат во домашните работи и избегнуваат планирање за иднината, потпирајќи се на родителската поддршка како нешто што се зема здраво за готово. Важно е да се постават граници и да се поттикнат сами да размислуваат за следните чекори“.

3. Прават да се чувствувате виновни кога поставувате граници

„Кога возрасно дете реагира со манипулација, емоционална уцена или лутина затоа што не му угодувате, тоа е форма на разгалено однесување. Родителите често се чувствуваат растргнати помеѓу желбата за мир и потребата да ги заштитат сопствените граници“, тврди Бернштајн.

Важно е да останете доследни и љубезни и да дадете до знаење дека поставувањето граници е дел од здрава врска, а не отфрлање.

„Не е себично да сакате повеќе рамнотежа и почит во односите со возрасните деца. Со тоа покажувате самопочит, одговорност и зрелост. Иако чувството дека сè им припаѓа можеби се развило со текот на времето, никогаш не е доцна да се врати мирот во врската – и да се охрабрат децата да станат возрасни како што треба да бидат“, заклучил психологот.

Слични содржини