Терористички напад во престолнината на Буркина Фасо

од desk2
61 прегледи

Во престрелка синоќа во главниот град на Буркина Фасо се убиени повеќе лица. Терористи нападнале хотел и ресторан во центарот на градот со автоматско оружје.


Во вооружен терористички напад врз гостите на еден ресторан во главниот град на Буркина Фасо, Уагадугу, ноќеска се убиени 20 лица, потврди министерот за информации Ремис Данџиноу. Меѓу убиените се и двајца напаѓачи. Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека меѓу жртвите има и еден турски државјанин. Преку 20 посетители на ресторанот „Кафе Истанбул“ во центарот на градот се ранети. Засега е нејасно од која националност се останатите настрадани луѓе. Властите соопштија дека е окончана и заложничката драма по нападот.

Како што известуваат очевидци, доцна вечерта тројца напаѓачи, вооружени со автоматско оружје, со возило стигнале пред ресторанот и веднаш по симнувањето од автомобилот, отвориле оган врз гостите. Кратко потоа, полициски и армиски единици го опколиле местото, разменувајќи жестоки престрелки со атентаторите. Напаѓачите се забарикадирале во внатрешноста на ресторанот и зеле заложници.
Нападот потсетува на еден сличен, извршен од исламистите во јануари 2016. година. Тогаш борци на африканскиот огранок на терористичката организација Ал Каеда нападнаа ресторан во Уагадугу, при што загинаа 29 лица, а близу 70 беа ранети. Тогашна цел беше ресторанот „Ле Капучино“, кој се наоѓа на истата улица као и „Кафе Истанбул“.
Буркина Фасо е сиромашна земја во Западна Африка, се наоѓа меѓу Мали и Нигер. Во регионот со години се активни џихадистички групи, кои постојано вршат напади, често врз објекти посетувани од странци..DW