Терористот во Стразбур е убиен, и повторно се пука (ВИДЕО)

од desk4

Терористот, познат на француската и германската полиција поради повеќе криминални дела, беше убиен синоќа на улицата Лазарет, јави париски Фигаро, повикувајќи се на полициски извори.

Денеска  беше јавено дека има нова полициска акција во квартот Недорф и во квартот околу стадионот на Стразбур – Мено, каде биле слушнати  истрели.

 

Полициски хеликоптер беше забележан  како лета над областа во Стразбур Ла Мањо.

Вграден видеоклип

Sky News

@SkyNews

The man suspected of opening fire at a Christmas market and killing three people has been shot dead, according to reports.

Cherif Chekatt killed three and injured another 13 people in the French city of Strasbourg on Tuesday.

More here: http://po.st/yfDnOv 

Во оваа област се слушнаа истрели. Постои зголемено присуство на полицијата и многу полициски возила.

Населбата “Меноти” е соседен на населбата “Нудор” , каде трагите натерористот Шекат се загубија во вторникот вечер по терористичкиот напад.

Embedded video

Remy Buisine

@RemyBuisine

: abattu après une opération de police, Rue Lazarey.

454 people are talking about this

Исламистот е убиен по престрелка со полициски тим, кој бил испратен да патролира по улицата “Лазаре”.

 

  Шекат се криел  во куќата број 71 на улицата. По претстрелката , исламистот беше убиен синоќа околу 21 час.

  Инаку во нападот  на божиќниот базар,  претходниот ден,  загинаа тројца загинаа  , а 12 беа повредени. Шестмина повредени се во тешка состојба.

Веднаш по нападот, француската влада ја зголеми заканата  од тероризам на највисоко ниво. Властите ја зајакнаа контролата на границата и патролираа на сите Божиќни базари  во Франција. 

Слични содржини