Тешка кражба во црквата Свети Кирил и Методиј во Тетово

од desk2

Околу 5 илјади денари биле одземени при тешката кражба што синоќа во периодот помеѓу 22 и 23 часот засега непознат сторител ја извршил во црквата Свeти Кирил и Методиј во Тетово, информираше портпаролката на МВР Лиза Бендеска.

Според нејзините податоци, сторителот насилно ја отворил влезната врата по што ги одзел парите и заминал во непознат правец.

– Веднаш по пријавата екипа на СВР Тетово извршила увид и презема мерки за расчистување на случајот, рече Бендеска.

Оваа е вкупно 11. кражба во верски објкети во тетовскогостиварскиот регион од почетокот на годината при што се одземени околу 30 илјади денари, две мали икони од црквата во Фалише, како и 150 метри електричен кабел од манастирот во гостиварската населба Циглана.

Слични содржини