Тешка сообраќајка во Бардовци, мотоциклист заврши во болница

од Nikola Popovski

МВР информира дека вчера во 09.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред крстосница од ул.„Скупи“ и ул.„10“ во с. Бардовци, Скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.А.(42) од Свети Николе и мотоцикл „беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Н.(40) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во приватна болница во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини