369
МВР информира дека синоќа околу 22.30 часот се случила тешка сообраќајна незгода во скопска Кисела Вода, во која двајца малолетници завршиле со тешко повреди.
Од полицијата појаснуваат дека во несреќата случена на крстосница од ул.„Борис Трајковски“ со ул.„Есенинова“ и ул.„Иван Козаров“, учествувале мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје и автомобил „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(33) од Скопје.
„Во несреќата, малолетен сопатник на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, додека возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – соопштија од МВР.