Тешко повреден мотоциклист од Србија откако излетал од патот Градско – Велес

од Stefanija Kuzmanovska

Мотоциклист од Србија е тешко повреден откако излетал од коловозот на регионалниот пат Градско – Велес.

Несреќата се случила вчера, а со мотоциклот „БМВ“ со српски национални ознаки управувал Б.М. (55), информираат од МВР.

Повредите се констатирани во Општата болница во Велес.

Увид извршила екипа од СВР Велес.

Слични содржини