Тешко повредена ученичка во Гостивар, се нишала на столче и паднала

од desk2

Тринаесетгодишна ученичка од гостиварското основно училиште „Единство – Башкими“, по пад од столче со тешки повреди на ’рбетот е пренесена на скопските клиники. Според СВР Тетово, до повредувањето дошло утрово во една од училниците, за време на големиот одмор.

Девојчето се нишало на столчето и во еден момент ја изгубило рамнотежата и паднало на подот. Набрзо по повредувањето било згрижено на ургентното одделение во гостиварската болница, каде ѝ биле констатирани повреди на пршлен од ’рбетниот столб.

Заради тежината на повредата, таа е префрлена на Клиниката за трауматологија во Скопје. Од СВР Тетово информираат дека работат на расветлување на околностите и начинот на кој девојчето било повредено.

Слични содржини