Тетовец нападнат од својата партнерка во Карпош – му ги дупнала гумите од возилото

Жена „дивеела“ во Карпош - му ги издупчила гумите од возилото на партнерот и физички го нападнала

од Nikola Popovski
25 прегледи

Лице од тетовско било нападнато од својата партнерка. Како што пријавил во полиција, таа, вчера на подрачјето на Карпош, со возило удрила во неговото возило и му ги оштетича гумите, а и физички го нападнала.

– На 17.10.2025 во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека на 16.10.2025 околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала, известуваат од полицијата за случајот.

МВР превзема мерки за расчистување на случајот.