Тетовец пронашол изгубена торбичка со пари и картички и ја вратил на сопственикот

од Nikola Popovski
377 прегледи

Жител на Тетово пронашол изгубена торбичка со пари, кредитни картички и лични документи и ја вратил на сопственикот, информираат од тетовската полиција.

На 31 декември 2023 година во 10 часот и 45 минути на патролна служба пред влез на Тетово кај клучка Север ѝ пришло лице кое носело торбичка и информирало дека ја нашло на бензинска пумпа.

-По преземени мерки, полициски службеници околу 14 часот и 20 минути го нашле сопственикот и му го вратиле сето тоа. СВР Тетово ја поздравува постапката на тетовецот и апелира граѓаните да го следат овој пример, соопштија од тетовската полиција.

Слични содржини