Тетово: Организиран прием за сите оние кои помогнаа при пожарот во модуларната ковид-болница

од Nikola Popovski

Денес во големата сала на Советот на Општина Тетово се организираше прием за поединци и претставници на институции кои помагале при пожарот во тетовската модуларна болница на 8 септември и спречиле трагедијата да биде уште поголема.

– Во овие тешки моменти за нас за целиот персонал од болницата, сочувство до сите граѓани на Тетово особено до семејствата на починатите. За нас во овие моменти е многу тешко, нема простор за зборови, меѓутоа наоѓаме сила како што сме наоѓале досега. Во овие моменти не можам да најдам зборови, ќе бидеме и понатаму покрај нашите пациенти до кога има потреба, изјави докторката Евсале Треси.

Средбата беше организирана од градоначалничката Теута Арифи.

-Во овој момент се собира документација и изјави од сите очевидци на настанот за да се комплетира истрагата. Ние долго време работиме со противпожарната единица и се прават редовни противпожарни контроли на сите објекти. Тоа што го имаме и како сме опремени во моментот е сосем во ред според стандардите што ги следи нашата противпожарна бригада и Штабот за пожари и други катастрофи, изјави Арифи за истрагата.

Слични содржини