Два милиони британски државјани кои работат во странство, ќе станат илегални имигранти, ако Велика Британија ја напушти Европската унија, предупреди поранешниот главен обвинител Доминик Гријв, пишува The Guardian.

london-gi-ogranichuva-pravata-na-imigrantite-200595

Конзервативците ветуваат референдум за членството на Островот во Европската унија, ако победат на следните парламентарни избори. Во својот говор, насловен “Меѓународните обврски на Велика Британија – окови или клучеви” Гријв предупредува дека излегувањето од ЕУ ќе создаде повеќе проблеми од оние кои ќе  ги донесе одлуката

 “Барањата за секој договор за слободна трговија ќе направи укинувањето на одредбите за слободно движење за Кралството, а  единствениот проблем кој членството во ЕУ го создава незадоволство тука – имиграција – ќе остане непроменет. ОД друга страна околу 2 милиони британски граѓани кои работат во земјите од ЕУ, за една ноќ ќе се претворат во илегални имигранти “, објасни тој.

Слични содржини