
Екстремните временски услови минатата година доведоа до загуби од 129 милијарди долари.
Ова станува јасно од истражувањето на 24 академски институции и меѓувладините тела, вклучувајќи Светската здравствена организација и Светската метеоролошка организација, објави списанието The Lancet.
Според експертите, овој тренд ќе се продлабочува, бидејќи климатските промени го засилуваат интензитетот на сушите, бурите и поплавите.
Од 2010 до 2016 година се забележува зголемување за 46% на климатските катастрофи, а цели 797 „екстремни“ настани се регистрирани минатата година.
Тие доведоа до вкупни загуби од 129 милијарди долари – бројка која грубо соодветствува на буџетот на Финска.
Правото во „економската вредност“ не ги вклучува смртните случаи, повреди или болести предизвикани од овие настани. Набљудувањето на климатските катастрофи, во последниве години се уште не може да се им се припишат на климатските промени, посочуваат научниците.
Според нив, сепак доказите „веродостојно би можеле да се толкуваат како слика на тоа како климатските промени ги менуваат инцидентите и тежината на овие катастрофи“.
Економиите на сиромашните земји се исклучително лошо погодени. Нивните загуби од необични временски настани се за три пати повисоки во 2016 година отколку во 2010 година.
„Се очекува климатските промени да влијаат врз растителната продукција, а зголемувањето на температурите од 1 степен Целзиусов е поврзан и со пад од 6% на приносите на пченица во светот и 10-процентни во намалувањето на приносите на ориз“, пишуваат уште експертите, предупредувајќи за растечката глад во светот.
Со договор од 2015 година, околу 200 држави ветија дека ќе го ограничат нивото на глобалното затоплување предизвикано од емисиите од фосилните горива.
Ова значи да се достигне нивото пред индустриската револуција. Американскиот претседател Доналд Трамп ја тргна земјата од пактот, иако повлекувањето на САД може да стапи на сила дури по 4 години.
„Заедно со ризикот по животот и имотот, се шират и болести преку водата, а климатските промени може да создадат и долгорочни опасности за здравјето“, се вели во извештајот.
Експертите, сепак се согласуваат дека се потребни повеќе истражувања како климатските промени јасно влијаат врз здравјето.