Еден совет до крадците од продавниците во Хнгрфорд, грофовијата Бркшир: обидувајте се да не крадете работи во вредност поголема од 100 фунти, ако сакате да се спасите од апсење , пишува весникот The Times.

На прашањето како сопствениците на продавниците ќе се справат со крадците, кои можат да покажат насилство, полицијата одговори дека ќе им биде “испорачан формулар кој ќе го пополнат и да ни јават”.
Промената во односот настапи откако зградата на полициската станица во градот беше затворена и дадена на продажба.
На локалните општински советници во Хнгрфорд кој брои околу шест илјади жители, им беше објаснето дека полицијата повеќе нема да праќа вработен да се испитауваат повеќето случаи на кражби од продавници во градот.