Тибетски вежби за секој ден

од Vladimir Zorba
315 прегледи

За да бидеме во рамнотежа и добро здравје, не само што треба да внимаваме како се храниме, но и да применуваме некои вежби секојдневно. Споделуваме една од тајните за долговечноста на тибетанскиот народ.0bdf961ad919829865ed8a58782100e9
Следните 5 вежби ќе ви помогнат да ги подобрите вашата флексибилност, координација, ќе ги намалат болките во грбот и стресот.

Вежба 161ad2c3c138f1cad6035fbd19b9c57fc
Застанете со мал расчекор и рацете подигнете ги настрана. Гледајте напред, исправете го грбот и дишете рамномерно. Започнете полека да се ротирате околу својата оска, во насока на стрелките на часовникот. Започнете со 2-3 вртења, постепено зголемувајте, додека не дојдете до 21.

Вежба 2

3cee905b1a1906194ca11e8783babc87

Легнете на земја со собрани нозе и раце до телото. Обидете се истовремено да ги кренете нозете и главата, а брадата треба да ги допре малку градитеи. По можност нозете треба да се соочуваат исправени. Дишете длабоко при кревање и издишувајте при враќање во првобитната позиција.

Вежба 3
76765cd03bf412d1838f34d8333123cf
Застенете на колена, исправете го горниот дел од телото, рацете ставете ги на колковите. Брадата треба да ги  допира нежно градите ви. Обидете се полека да ја подигнете главата и телото да се извие малку назад, како мачка. Дишете длабоко и издишувајте при враќањето во првобитната позиција.

Вежба 4a94a6d64ac80bdf5b15cc465871b4fb0

Седнете удобно на земјата со свиткани колена. Стапалата треба да допрат до подот. Обидете се полека да ги подигнете колковите, па да се добие агол од 90 степени.

Телото треба да биде паралелно на подот. Дишете кога ќе го подигнете телото и издишувајте при враќање во првобитната позиција.

Вежба 5
ee25d5e7a1a207c464c56275d4000165
Легнете на стомак на подот. Рацете се свиткани на нивото на градите. Започнете нежно да да го кревате торзото нагоре додека ве држат раце. Вдишувајте во подем и издишувајте при враќање во првобитната позиција.