Тие го победија коронавирусот: Погледнете ја среќата на Италијанците кои излегуваат од интензивна нега и радоста на лекарите (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Италија продолжува да се бори против епидемијата на коронавирус, забележувајќи најголем број на жртви во светот – 17,127.

Сепак, секој ден се лекуваат неколку стотици луѓе, а посебно се среќни се пациенти кои веќе не треба да бидат сместени во единицата за интензивна нега.

На социјалните мрежи се појави видео под наслов „Трка со времето“, снимено од италијански медицински сестри на одделението за реанимација во болницата „Sestri Levante“.

Освен што може да се види низ што се поминува медицинскиот персонал, највпечатливи се моментите кога  ги испраќаат пациентите од интензивната нега.

Неопислива среќа може да се види на лицата на пациентите кои успеале да го поминат најтешкиот дел од битката, но и огромната радост на лекарите и медицинските сестри.

Слични содржини