TikTok ја засилува својата борба против дезинформациите пред изборите во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
195 прегледи

TikTok ќе преземе дополнителни чекори во борбата против дезинформациите пред претстојните избори во Европската унија.

Како што беше најавено денеска, ќе биде создаден посебен дел на јазиците на сите земји членки, каде што корисниците ќе можат да ги проверуваат информациите.

TikTok соопшти дека видеата поврзани со изборите во ЕУ ќе бидат означени за да ги пренасочат корисниците во „изборен центар“ за верификација во апликацијата, на нивниот јазик.

Во тие „центри“ со помош на локалните изборни комисии и граѓанското општество ќе бидат истакнати „сигурни информации“ за гласањето.

Во октомври, Европската комисија отвори истрага за содржината на TikTok, X и Meta (Фејсбук и Инстаграм), барајќи објаснувања за мерките преземени против дезинформации и „незаконски содржини“.

Околу 6.000 луѓе моментално работат на модерирање на содржината на TikTok на европските јазици на ЕУ.

Стотици милиони Европејци во јуни треба да изберат 720 членови на Европскиот парламент.

Оваа година во повеќе од 50 земји се одржуваат избори на национално ниво, а оваа социјална мрежа се подготвува поинтензивно да се справи со контролата на погрешните информации во форма на фотографии и видеа, генерирани од вештачката интелигенција.

TikTok, кој е во сопственост на кинеската ByteDance, има 134 милиони корисници во Европа.

Слични содржини