Меѓународен тим научници, на чело со британскиот Центар за истражување на Антарктикот, тргна од Фокландските острови во мисија за проучување на екосистемот околу огромниот леден брег на Јужниот пол.

Тоа е прва мисија за проучување на ледениот брег наречен A 68, со џиновска тежниа од неколку милијарди тони, кој во јули 2017 година се откачи од гребенот Ларсен Це и со тоа одвојување, според научниците, го променил изгледот на Антарктикот.
Ледениот брег ќе овозможи истражување на морскиот екосистем стар околу 120.000 години и скриен во слоевите на тој брег.
„Важно е да стигнеме на време, пред сонцето и сегашниот подводен свет да го променат ледениот брег“, наведоа научниците, чија мисија ќе трае три недели.
Откинатиот брег е со површина од околу 6.000 квадратни метри, четири пати поголем од површината на Лондон.