Американското списание “Time” ја претстави листата со 30-те највлијателни личности во Интернет. Во неа се вклучени неколку државни раководители, како и голем број претставници на шоу бизнисот.

обама

Во рангирањето фигурира и претседателот на САД Барак Обама. Како што забележува “Тајм”, меѓу сите светски лидери токму господарот на Белата куќа има најмногу “лајкови” на социјалната мрежа “Фејсбук” и претплатници во мрежата за  “Твитер”.

Меѓу другите државни раководители со најголемо влијание во интернет се новинарите од “Тајм” посочува претседателот на Аргентина Кристина Фернандес де Кирхнер и индискиот премиер Нарендра Мода. Во листата паѓа и рускиот опозиционен политичар Алексеј Навални.

Меѓу претставниците на шоу бизнисот најголемо влијание на интернет, според списанието, се поп ѕвездите Тејлор Свифт, Шакира, Џастин Бибер и Бијонсе, актерката Гвинет Палтроу и секако  Ким Кардашијан. Меѓу 30-те е и британската писателка Џоан Роулинг – автор на книгите за Хари Потер.

Слични содржини