Тинејџер од Индонезија починал 12 часа откако преку социјалните мрежи ги молел пријателите за помош откако го каснала отровна змија, која ја чувал како домашно милениче.

14-годишниот Арил бил каснат од змијата за рака, а тој фотографиите ги објавил на социјалната мрежа “WhatsApp”.
Арил на 11. декември во 9:50 часот наутро по локално време на интернет објавил две фотографии. На првата имало кобра подготвена за напад. Арил се обидел да го фотографира своето милениче по капењето. Покрај фотографијата напишал: “Зошто барем малку не се насмее”.
Втората фотографија Арил ја поставил во 9:54 часот истото утро, сега во крвава и подврзана десна рака, за да го спречи отровот да се шири низ телото.
https://www.youtube.com/watch?v=GQc7PIWzbuI
“Ако некој од вас смета дека ми е пријател, нека ме одведе веднаш во болница”, додал тинејџерот во постот.
“Арил ги повикал пријателите на помош”, рекла неговата мајка Неуис Марпуах, додавајќи дека нејзиниот син бил сам дома за време на инцидентот, бидејќи неговиот татко работи во странство.
Некој навистина дошол по еден час и го одвел Арил во болница, но во 10 часот навечер истиот ден бил прогласен за мртов, по неуспешниот обид на лекарите да го оживеат.
Според извештаите на локалните медиуми, Арил имал повеќе од 10 змии. Бил активен член на невладина организација која се занимава со организација на улични перформанси со опасни рептили.