Тинејџер со нож нападнал соученици во училиште во Германија, повредени неколкумина

од Stefanija Kuzmanovska
267 прегледи

Утрово ученик повредил неколку соученици со нож во средно училиште во Вупертал во западна Германија, пренесува „Билд“.

Во 9 часот и 52 минути полицијата добила повик дека ученик нападнал други ученици во гимназијата и повредил најмалку четири лица.

„Напаѓачот потоа бил совладан и фатен на четвртиот кат од зградата околу 10:20 часот. И самиот тој е повреден, а се сомнева дека повредите сам си ги нанел“, соопшти полицијата.

Како што се наведува, полицајците го затекнале како седи на под облеан во крв.

Засега не е познато дали имал соучесник.

Слични содржини