Титаник3: Обвинетиот Гури одел на работа, а не се појавувал на судење

од Ивана Рамаданова
336 прегледи

Обвинетиот Исмет Гури во предметтот „Титаник3“ на утрешното рочиште ќе биде присилно спроведен во Кривичниот суд за кога се закажани и завршни зборови.

Гури е обвинет заедно со координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими, за преправање на записници од гласање за локални избори во Чаир.

Според дописот кој стигнал во Основниот суд Скопје 1 од страна на УЈП, обвинеиот Гури се појавувал привремено на работа, додека на судските рочишта не се појавуваше воопшто под изговор дека е дијабетичар веќе 20 години и е на инсулинска терапија, а таа група луѓе се во ризичните за кои Владата има дадено препорака да седат дома.

Обвинението Титаник 3 е покренато од страна на СЈО, а се работи за изборни нерегуларности сторени во локалните избори во Општина Чаир, одржани во 2013 година.

Судскиот процес го води судијката Марија Клетничка, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

И.Р.

 

 

Слични содржини