Југословенскиот диктатор Јосип Броз Тито наредил да биде убиен лидерот на македонските комунисти за време на Втората светска војна Методија Шаторов – Шарл во Бугарија. Тито дури го испратил најголемиот човек од доверба, злобниот Светозар Вукманович – Темпо, да присуствува на ексхумација на телото на Шаторов на 16-ти септември во Милеви Скали крај Велинград и да направи фотографија од неговиот труп .

Ова се вели во студијата на македонскиот историчар д-р Соња Николова објавено на бугарската агенција БГНЕС кои се повикуваат на денешниот број на македонски дневен весник “Дневник”. Шаторoв, кој раководи со македонските комунисти е познат со отпорот на локалната организација да се покорува на југословенските комунисти и лично на Тито. Тој смета дека партијата треба да биде дел од бугарската. Тоа е и најверојатната причина Тито да побара тој да биде убиен. Освен тоа Шаторов знаел доста работи од политичкото минато и приватноста на југословенскиот диктатор. Од истражување на Николова, станува јасно дека речиси сите официјални верзии за смртта на Шаторов содржат доста сомнителни факти, а некои дури и се целосно нелогични и се разминуваат со датумот на убиството, видот на оружјето со кое е убиен, како и описот на повредите. Меѓу лицата за кои има сомневања дека ја кријат вистината за убиството на Методи Шаторов-Шарл е и поранешниот потпретседател на Бугарија генерал Атанас Семерџиев. “До денес како најверојатна верзија за убиството на Шарло се покажува таа дека тоа е нарачано од Тито и е извршено од негови луѓе”, се вели уште во истражувањето на д-р Соња Николова. Методи Шаторов е роден на 10 јануари 1898 година во Прилеп. Во родниот град завршува бугарски егзархиска средна школа, а потоа Скопското бугарско педагошко училиште. Шаторов е познат и по прекарот “Стариот Бугарин”, потсетува бугарската агенција.