Тодоров: Уставните измени можеби ќе успеат догодина ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт

од Nikola Popovski
186 прегледи

Поранешниот министер за здравство и образование, Никола Тодоров оценува дека уставните измени не можат да успеат без гласовите на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зависи од ВМРО. Има неколку варијанти – ако ВМРО влезе во оваа работа, ќе успеат оваа година. Ако не влезе, ќе успеат можеби догодина ако ВМРО дојде на власт, па они одлучат да ја туркаат таа европска агенда. Сметам дека ако партијата би гласала за уставните измени, не би изгубила на изборите. Ќе изгуби нешто, ама ако има добра кампања и добар вординг да го објасни тоа, може и да преневира некое поголемо прелевање на гласови, кажа Тодоров во емисијата „Студио 10“.

Во однос на рејтинзите на актуелните и поранешните политичари, Тодоров смета дека ќе расте рејтингот на поранешниот премиер, Никола Груевски.

-Лидериве на двете најголеми партии заедно имаат помал рејтинг од Заев кога беше во опозиција, порача меѓу другото поранешниот министер.

Слични содржини