Тодоровиќ не е осомничен за перење пари, туку за злоупотреба на службената положба

од Nikola Popovski

Предлози за замрзнување на сметки и имоти и удели во компании се поднесени спрема лицата кои што се осомничени за кривичното дело перење пари и правните лица. Тодоровиќ не е осомничен за перење пари, туку за злоупотребата на службената положба и овластување како тогашен градоначалник, информира денеска јавниот обвинител Љубомир Лапе на денешната прес-конференција во Обвинителството по повод предметот „Феникс“ и истрагата за проектот „Скопје 2014“.

Како што додаде, кривичното дело злоупотреба на службена положба е започнато од крајот на 2007 година, па се до 2013 година, односно периодот кога се спроведувале јавните набавки.

Против поранешниот градоначалник на Општина Центар, кој е сопственик на синџирот маркети „Тинекс“, не се предложени мерки за замрзнување на имотот.

-Плаќањата одат од општина Центар кон италијанските правни лица и тие одат на рати. Треба да бараме која е последната исплата од Македонија кон Италија. Колку ќе чекаме до обвинение не зависи само од обвинителот. Треба да се дополни истрагата, но и во странство. Се надевам дека обвинението ќе биде брзо, појасни Лапе, нагласувајќи дека истрагата е се уште во тек.

-Имавме сомневања дека ќе ја напуштат државата и така постапивме. Кога добивме известување дека еден од осомничените ја напушта Македонија, беше иницирана истрагата. Против четири лица веќе се постапува. Во текот на денот ќе има подетални информации, прецизира јавниот обвинител.

Слични содржини