Тој е 130 килограми потежок и половина метар повисок од својата сопруга

од desk2
142 прегледи

Познатиот исландски актер Хафпор Тор Бјорнсон се прославил ширум светот со улогата на Грегор Планината Клегејн во хит серијата “Game of Thrones”, а на публиката и е интересен поради фактот што се оженил со дама неспоредливо поситна од него.

Овој 30-годишен Исланѓанец е навистина човек од титанска градба – висок е 206 сантиметри, а бројката на вагата покажува 181 килограм. Љубовта ја пронашол во малата Келси која е висока само 157 сантиметри и тешка 52 килограми, а се запознале во еден бар во кој таа работела како келнерка.

https://www.instagram.com/p/BtEZAPCgRD_/?utm_source=ig_embed

Бјорнсон инаку е маѓепсан од својата русокоса, убава сопруга, што докажуваат и бројните заеднички фотографии, а последната во низата предизвикала вистинска хистерија на социјалните мрежи.

Тој објавил како ужива со Келси во зимска идила додека пијат топло чоколадо, но еден урнебесно смешен детаљ на сите им влегол во око. Имено, погледнете колку ситно изгледа шолјата во раката на Хафпор, а токму тој факт ги натерал луѓето да остават голем број на смешни коментари.

https://www.instagram.com/p/BpyBcoagMLz/?utm_source=ig_embed

“Ова изгледа како си земал шолја од куќата за кукли”, “Мислев дека тоа е некоја минијатурна шолја, додека не ја видов шолјата во раката на твојата сопруга”, “Поради оваа шолја плачев од смеење”, “Во твоите раце оваа шолја делува како чаша за ракија”, биле само некои од коментарите.