Нико Розберг објави дека се повлекува од Формула 1 само пет дена откако ја освои светската титула. Возачот на Мерцедес оваа шокантна одлука ја обелодени на прес конференција во ФИА, а за причините напиша пост и на фејсбук.

Розберг изјави дека не може да го повтори трнливиот пат кој го изодел за да го победи Луис Хамилтон за годинешната титула.
-Сега сакам да уживам во моментот и да го почувствувам во следниот период, да се навраќам на сезоната што измина и да уживам во секое искуство на кое ќа наидам на мојот пат понатаму. Ќе свртам нова страница во животот и ќе видам што ме чека понатаму , напиша Розберг во своето емотивно обраќање на Фејсбук до фановите.