Токио: Георгиевски го победи треторангираниот на Игрите и се пласираше во четвртфинале (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
373 прегледи

Таеквондистот Дејан Георгиевски славеше во 1. коло од олимпискиот турнир, победувајќи го актуелниот светски шампион Кубанецот, Рафаел Јуниер Кастиљо Алба со 11-8 на поени.

Героргиевски првата рунда ја доби убедливо со 5-1, втората со 5-2. Во последната решавачка влезе со предност од 10-3. Кубанецот се обиде да се врати, го намали резултатот, но Георгиевски успеа да го задржи големото водство и на крајот да слави со 11-8.

Георгиевски всушност успеа да го урне треторангираниот на Олимписките игри и актуелен светски првак, а во четвртфинале ќе се бори со Сејду Губане од Брегот на Слоновата Коска  (8.35 по македонско време).

Македонија во историјата има само еден медал и тоа од ЛОИ во Сиднеј во 2000 година, кога Могамед Ибрагимов во борење освои бронза.

 

 

Слични содржини