Том Хенкс одбил да му даде 28 милиони долари на Безос за патување во Вселената

од Vladimir Zorba

Актерот Том Хенкс ја одбил понудата на Џеф Безос да лета до работ на вселената кон крајот на јули оваа година.

Милијардерот понудил еден од билетите на Хенкс за сума од 28 милиони долари, но тој ја одбил понудата, стана јасно од гостувањето на актерот во шоуто на Џими Кимел.

„Тоа чинеше 28 милиони долари или нешто слично. Добро ми оди, Џими, но нема да платам толку пари“, додаде Хенкс.

Џеф Безос го направи првиот лет до работ на вселената со вселенското летало New Shepard, развиено од неговата компанија Blue Origin, во јули оваа година. Заедно со него во капсулата беа и неговиот брат Марк Безос, 82-годишниот Воли Фанк и 18-годишниот иден студент по физика Оливер Дејмен.

„Сите ние во студиото може да се преправаме дека летаме во вселената. Колку долго траеше овој лет – околу 12 минути, нели? Нема да платам 28 милиони долари за оваа работа. Можам да симулирам дома“, изјави актерот.

Сепак, тој се смета за еден од 600 луѓе од 58 различни земји кои купиле билети за летови на компанијата на Ричард Бренсон, Virgin Galactic.

„Би го направил тоа од забава и да се преправам дека сум милијардер некое време“, рече Хенкс со насмевка.

Според студијата на Insider, билет од по 250.000 долари купиле и бројни познати личности, меѓу кои Бред Пит, Леонардо ди Каприо, Анџелина Џоли, Лејди Гага, Кети Пери, Џастин Бибер и други.

Поранешниот извршен директор на Virgin Galactic пред извесно време предвиде дека во иднина вселенскиот туризам ќе генерира приходи од 10-15 милијарди долари годишно.

Слични содржини