Том Круз откри која е најчудната приказна која ја слушнал за себе

од Stefanija Kuzmanovska

Колегата на Том Круз од филмот „Невозможна мисија“, Сајмон Пег и режисерот Ричард, се обидоа да ги разјаснат гласините кои со години го следат овој актер. Во интервју за The Sunday Times, Ричард, кој го режираше „Mission: Impossible – Dead Reckoning Part One“, изјави дека самиот Круз му го открил постоењето на овие гласини затоа што претходно не слушнал за нив.

Додека објаснуваше како Круз е многу попристапен и попријатен отколку што луѓето претпоставуваат врз основа на тоа што е славна личност, режисерот се сеќава дека го прашал кога првпат се сретнале за најчудната приказна која ја слушнал за себе.

Откако се насмеал, Круз му кажал дека најголемиот мит за него е дека луѓето на снимање не смеат да го гледаат во очи. Неговиот одговор го смирил режисерот, кој разбрал дека Круз не бега од тоа да се дружи со луѓе кои не се ѕвезди од неговиот калибар.

Пег, кој се приклучи на франшизата во „Mission: Impossible – Ghost Protocol“ во 2011 година, јасно стави до знаење дека тој исто така е вклучен во разбивање на митовите кога станува збор за неговиот колега.

„Успеав да се пробијам низ целата оваа бизарна митологија што го опкружува. Од една страна, тој е Том Круз; мистериозната филмска ѕвезда за која сите сакаат да знаат сè. А од друга страна, тој е само човек. Убаво е да се биде опуштен со него“, рече Пег.

Актерот, исто така, застана во одбрана на својот колега поради протеченото аудио од Круз на кое тој е бесен на сетот на „Mission: Impossible 7“, кој стана една од првите големи продукции што продолжи со снимање, иако коронавирусот беснееше во тој момент. Круз, наводно, ги загубил нервите откако видел двајца членови на екипата како ги игнорираат упатствата за социјално дистанцирање и се дружат премногу блиску.

„Сè за што се грижеше Том, во однос на неговата работа, беше загрозено од пандемијата. За него, тоа беше опасност овој вирус да го избрише киното од лицето на оваа земја“, се обиде да објасни Пег.

Слични содржини