Сите жени поседуваат облека и долна облека која ретко ја носат – торбите од мајките, фустаните кој сме ги облекле само еднаш и барем неколку градници, за кои дури сме заборавиле.
Но, она што навистина ни треба во гардероберот и поконкретно во делот со долната облека. Имаме навика да купуваме градници кои ги поставуваме со етикета “за секој случај” и обично овие случаи никогаш не доаѓаат.
Ви ја претставуваме внимателно составената листа со градниците, од кои навистина има потреба секоја жена.
Еве го и него:
1. Градник за секојдневно носење
Тоа е овој модел, кој е особено корисен и практичен и најчесто е подобро да биде во телесна боја за да може да се носи со секаква облека. Одберете градник без украси и со класични тенки прерамки.
2. Градник со влошки
Тој е задолжителен за вечерните излегувања, послужбените прилики, специјалните кроеви на некои фустани со длабоки деколтеа или едноставно за моментите во кои сакате да покажете малку повеќе.
3. Градник без прерамки
Овој модел е многу погоден и задолжителен за транспарентни блузи, облека без прерамки и со голи раменици, како и за отворени фустани. Држете се до класичните нјуд телесни бои.
4. Чипкан градник
Тој е за оние моменти во кои сакате да наглаите на стилските и убави чипкани декорации.Обично се носи со облека, така што ќе се издвојува и забележува.
5. Спортски градник
Спортскиот градник е задолжителен дел од опремата на активната и спортска жена. Материјалот од кој е изработен овој тип долна облека е посебен и не дозволува задржување на пот, не предизвикува непријатност и ја обезбедува потребната поддршка на градите.
6. Лепенки за брадавиците
Ова е еден од пронајдоците за деновите во кои сакате да го оставите градникот дома и да уживате во малку свежина. Лепенките на брадавиците и штитат од непријатните реакции на студениот ветар или возбудата, без да се лишувате од слобода.