Расте бројот на заразени, како и на починатите, а се исполнуваат и болничките капацитети. Во болниците вкупно се хоспитализирани 669 лица, на кислородна по поддршка се 110, а двајца се на респиратор.
Во моментов покрај главниот град кој е на врвот по бројот на активни случаи, на листата се најдоа и:
Прилеп 1227, активни 404
Тетово 2078, активни 471
Струмица 846, активни 471
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 29 558, бројката на оздравени пациенти е 19 994, на починати е 977, а бројот на активни случаи изнесува 8587
Од наредниот понеделник Здравствениот дом Скопје ќе почне со изработка на брзите тестови. Тие ќе даваат 99,6 отсто точност на резултатот, и ќе чинат 1000 денари.
Надлежните апелираат да се почитуваат мерките, а предупредуваат и на санкциите за нивното неспроведување. Казната за неносење маска е 20 евра, а за групирање по 22 часот е 500 евра.