Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена, вели Фон дер Лајен и го повтори условот за Уставни измени

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Може да сметате на нас, напиша на социјалната мрежа „Х“ претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, по средбата во Владата со премиерот Христијан Мицкоски

од Vladimir Zorba
309 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Европска Комисија

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Може да сметате на нас, напиша на социјалната мрежа „Х“ претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, по средбата во Владата со премиерот Христијан Мицкоски.

-Вашиот следен и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен, а тоа е да ги направите уставните измени. Топката е во Вашиот двор. ЕУ е подготвена, напиша кусо Фон дер Лајен.

Претходно, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Мицкоски на средбата со Фон дер Лајен, истакнал дека државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните кои со децении остануваат посветени на европските вредности.