ТОПЛОТЕН БРАН во Грција: 28 степени, плажите полни (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
653 прегледи

Грците викендов масовно се упатија кон плажите и парковите, бидејќи невообичаен јануарски топлотен бран им пружи „пауза“ од мерките за затворање поради епидемијата на коронавирус.

Бидејќи температурите во Атина достигнаа 23 Целзиусови степени, луѓето лежеа на песокот, пливаа во морето и шетаа по ривиерата во Атина, додека полицијата патролираше за да го контролира народот.

Во последните 50 години, толку високи температури биле видени само двапати во јануари: во 1987 и 2010 година, објави Националната опсерваторија во Атина.

„Тоа не е нормално. Минатата година беше многу студено во ова време. Од друга страна, помага затоа што луѓето се заклучени дома и сакаат да одат некаде и да се релаксираат. Тие не можат да бидат постојано дома“, рече 65-годишниот Киријакос Питулис.

Грција е делумно заклучена од почетокот на ноември, а носењето маски е задолжително на отворено. Во петокот, властите ги продолжија ограничувањата, вклучително и забраните за јавни собири, барем до 18 јануари, за да се забави ширењето на епидемијата, особено на северот на земјата.

По една од најтоплите години регистрирана на глобално ниво, топла воздушна маса и прашина кои пристигнаа од африканскиот континент ја преплавија грчката престолнина, каде што во неделата температурата на сонце достигна 31 степен.

Од друга страна, температурата на јужниот остров Крит, достигна 28,3 степени околу пладне.

Просечните температури во јануари низ цела Грција обично се движат од под нулата до 5, или најмногу 10 степени Целзиусови во крајбрежните региони, соопшти Националната метеоролошка служба.

Температурите во Грција се очекува да бидат високи до среда.

Слични содржини