Тортевски: Луѓето од поранешната влада се уште ги контролираат врвот на обвинителство

од Берта Китинска
260 прегледи

Адвокатот Александар Тортевски смета дека луѓе од поранешната влада се уште го контролираат врвот на Јавното обвинителство и државниот обвинител Љубомир Јовески и МВР ако никој не презема ништо за изјавата на дека предходната влада вршела притисоци за судски случаи.

-Вилма изјави дека од претходната влада имала сериозни притисоци за одредени луѓе и предмети. Ако никој не превзема ништо а ова го изјавува шефот на одделот за организиран криминал, тоа значи дека луѓето од поранешната влада се уште ги контролираат врвот на обвинителство и МВР, пишува Тортевски на „Твитер“.

На 16 август, Јавниот обвинител Љубомир Јовески ја суспендираше Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа од страна на поранешниот директор на Финансиска полиција Арафат Муареми.

При поднесувањето на жалбата до Советот на јавни обвинители на 19 август, Русковска кажа дека нејзината суспензија значи суспензија на правото и правдата и предвидува дека ова што ѝ се случува нејзе ќе влијае на работата на нејзините колеги обвинители.

Слични содржини