Тошковски бил адвокат на фирмата која после судски спор добила решение и сега почнува да гради катна гаража до Собранието

од Nikola Popovski

Актуелниот технички министер за внатрешни работи, Панче Тошковски бил адвокат на фирмата која започнува со активности за изградба на катна гаража до Собранието, на која на два пати ѝ беше оспорено и поништено одобрението за градба од Општина Центар, објави „Рацин“.

Министерот бил застапник на „АНГО дооел“, фирмата што во 2013 година на јавно наддавање ја доби маркицата за катна гаража во непосредна близина на Собранието на Република Северна Македонија во предметот со број У-3.бр.20/2021 во Управниот суд.

Од ова укажување се гледа дека градежните работи на објектот катна гаража кај Собранието започнале само два дена пред рокот на одобрението за градба што адвокатот Тошковски го искористил како аргумент во предметот на Управен што го добил во полза на неговиот клиент „АНГО дооел“.

Слични содржини