Тошковски и Бојмацалиев на средба со словачкиот амбасадор Маркуш

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев денеска остварија работна средба со амбасадорот на Република Словачка Н.Е. Хенрик Маркуш, соопшти МВР.

На средбата министерот Тошковски го запознал амбасадорот Маркуш за тековните активности на министерството за внатрешни работи во овој предизборен период, кои се во насока на спроведување на изборите кои ни претстојат.

„Моменталното раководство во МВР заеднички вложува напори и се залага овие избори да бидат фер и демократски.

Министерот Тошковски го поздрави разбирањето на земјите членки на ЕУ кое го имаат во однос проблемот со патните исправи, оставајќи секоја членка сама да решава за својот став по ова прашање. Во таа насока, амбасадорот Маркуш изјави дека ова прашање иако би имало мултилатерален карактер, за Словачка нема пречка македонските граѓани на словачка територија слободно да се движат.

Воедно, амбасадорот Маркуш стави акцент на досегашната соработка, особено за време на миграциската криза, а истото го продолжува сега и преку ФРОНТЕКС.

Од страна на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев беше изразено задоволството од досегашната соработка и поддршката од пријателите од Вишеградската група на патот кон ЕУ, со акцент во делот на справување со илегалната миграција, преку европската агенција ФРОНТЕКС. Исто така, Бојмацалиев ја изрази посветеноста во организирање на европски изборен процес кој ќе го надмине позитивното искуство од претходните избори“, стои во соопштението.

Слични содржини