Тошковски најави дисциплински постапки против двајца началници и четворица инспектори

од Nikola Popovski

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, постапувајќи по пријава во врска со извршена тешка кражба врз возило управувано од страна на полициски службеник во која е украдена пушка малокалибарка, доделена на сегашниот дополнителен заменик началник на СВР Скопје, констатираше дека се направени низа прекршувања во полициската постапка, информираше министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Како што објави министерот, полициските службеници од ЕНТ-ДО не поднеле кривична пријава и покрај тоа што за пушката имало основано сомнение дека е предмет на сторено кривично дело, потоа не биле извршени минималните проверки, не е известен надлежен јавен обвинителен и истата не била дадена на вештачење.

-Притоа, полициските службеници не констатирале прекршок и не била поднесена прекршочна пријава против лицето кое во тој момент било началник на Секторот за внатрешни работи Скопје, порача Тошковски.

Во насока на целосно расчистување на настанот, министерот најави дека против полициските службеници – началник на ЕНТ, Началник на одделение за ЕКР, главен инспектор во ЕНТ, самостоен инспектор за имотни деликти во Центар и Бит Пазар и виш инспектор во ЕНТ, поднесена е иницијатива за поведување дисциплинска постапка.

Слични содржини