Тотално е несериозно и е крајно политиканство како и политичка злоупотреба ВМРО ДПМНЕ да биде обвинувана во оваа насока. Знаеме дека ВМРО ДПМНЕ е првата партија која прецизно и јасно има дефинирано во својот статут каде се гледа себе си и каде ја гледа државата а тоа е се разбира како дел од европското семејство и дел од НАТО и никако поинаку. За тоа мислам дека е обид за манипулација на граѓаните, било како да се поврзува ВМРО ДПМНЕ, вели за РСЕ техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски во врска со терминологијата која се користеше во изјавите на Али Ахмети и ДУИ, дека во земјава се подготвува „руско сценарио“ по изборите.
Во однос на тоа што ќе направи за спроведување фер изборен процес, Тошковски вели дека неговите механизми се, во рамки на одредбите од законот кои се насочени кон овозможување на соодветни предуслови, да стори се што може за да имаме фер и демократски избори.
„Максимално да го засилиме тој дел таму со полициски службеници, да побараме поддршка од нашите меѓународни партнери, ОБСЕ ОДИХР изразија огромна загриженост за овој факт, тој дел ќе биде засилено покриен и со набљудувачи од нивна страна“, вели тој за тоа дали добил гаранција дека нема да се злоупотребува СВР Тетово во изборите.