Тот починал од мозочна смрт, вели д-р Мојсова

од Nikola Popovski

Директорката на КАРИЛ, д-р Маја Мојсова уште еднаш повтори дека нема видливи траги на насилство кај ракометарот Денис Тот кога бил донесен во болница.

-Станува збор за удар. Заедно ги гледавме компјутерските томографии и не можевме да видиме видливи знаци или модринки. Отокот на мозокот настанува и од недостаток на кислород. Во суштина тоа е мозочна смрт. Се уште не можам да кажам без обдукцискиот наод, рече Мојсова во емисијата „Клик плус“.

Според неа, кога човек престанува да дише и срцето престанува да работи, мозокот не добива ни кислород, ни храна, ни циркулација.

-Снимката од „Сејф сити“ е многу непријатна. Мене впечатливо ми паѓа што после првиот удар тој престанува да реагира. Можно е да добил удар кој веднаш го прекинал недостатокот на кислород и циркулација, рече Мојсова.

Слични содржини